За категориите на #ТвитерНагради

Почитувани корисници на социјални мрежи,

што се однесува до категориите на #ТвитерНагради, сите имаме желби за некоја категорија во која би се пронашле, но така би имале премногу категории и самата цел на #ТвитерНагради не би имала смисла. Ние од Блокираме.мк, како организатори би сакале да напоменеме дека за #ТвитерНагради нема да има категории за номинации или гласање со негативна конотација, омаловажувачко, навредливо или политичко значење! Нашата цел е да организираме фер избор на најдобрите чинители на Твитер. Во ера кога интензивно се работи на намалување на сајбер булинг како појава на социјалните мрежи ние нема да поддржуваме и нема да овозможуваме номинирање и гласање за категории со негативна конотација, омаловажувачко, навредливо или политичко значење!

Сите предлози поврзани со одвивање на процесот на #ТвитерНагради со номинирање, гласање, доделување се добродојдени во секое време доколку немаат негативна конотација.

Останете во добро здравје, бидете во позитивно расположение и уживајте во номинациите!

Ваши Блокираме <3