#ТИК информира: На полноќ завршува гласањето

Почитувани претставници на Македонската Твитер заедница, но, пред сѐ, почитувани најдраги Блокери и уште подраги Блокерки,

со огромна чест и задоволство ве информираме дека утре, 14.01.2021, наутро во точно 08:00 часот завршува гласањето за #ТвитерНагради 2020. Ова време е избрано со цел да можат и гласачите низ светот кои не го оствариле своето гласачко право да го остварат. Освен на избирачките места во Република Македонија се пријавија и твитерџии да гласаат во дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во Соединетите Американски Држави, Германија, Хрватска, Обединетото кралство на Велика Британија, Холандија, Словенија, Италија, Австралија, Полска, Шведска, Австрија, Канада, Словачка, Малта, Турција, Швајцарија, Белгија, Чешка, Јапонија, Катар, Украина, Данска, Финска, Унгарија, Франција, Израел, Србија, Шпанија, Хонг Конг, Луксембург, Молдавија, Нигерија, Норвешка, Бугарија, Саудиска Арабија, Тунис и Косово. Гласањето се одвива во најдобар ред и без никакви проблеми.

Што се однесува до официјалните резултати од гласањето, Твитер Изборна Комисија – #ТИК ќе ги објави на денот на одржувањето на Најдобриот настан за корисниците на социјални мрежи – #ТвитерНагради, односно за време на настанот преку избраните доделувачи. За датум на одржување ќе бидете навремено известени.

Би сакале да потсетиме дека со цел да го поддржиме и мотивираме почитувањето на здравствените мерки за заштита од актуелната пандемија нашето овогодишно мото е „#СедиДома во #пижами и #гледај #ТвитерНагради“.

Да не должиме многу, нема да должиме ни малку очекувајте наскоро датум за одржување на Најдобриот настан за корисниците на социјални мрежи – #ТвитерНагради!

@blokirame | @twitternagradi | @blokiramemk | Твитер Награди

Ваши Блокираме <3