Подарок (можеби е гласање)

Почитувани претставници на Македонската Твитер заедница, бебовци, мачиња, Гасерки и Гасери, Венцерки и Венцери, Дромерки и Дромери, најмили, бебоси, а #ЈовеРече и #СкратенКорнер-ки и #СкратенКорнер-и, но, пред сѐ, почитувани најдраги Блокери и уште подраги Блокерки,

со огромна чест и задоволство ви посакуваме убави моменти при испраќање на старата 2020 (никогаш да не се повтори) и дочек на новата 2021 година, за која се надеваме дека ќе биде исполнета само со здравје, среќа, успеси на сите полиња и само убави случувања!

Датум за одржувањето на Најдобриот настан за корисниците на социјални мрежи – #ТвитерНагради, традиционално по деветти пат, сè уште немаме, но напорно работиме на тоа и ќе бидете навремено известени.
Со цел да го поддржиме и мотивираме почитувањето на здравствените мерки за заштита од актуелната пандемија, би сакале да ве потсетиме дека нашето овогодишно мото е „#СедиДома во #пижами и #гледај #ТвитерНагради“.

Да не должиме многу, нема да должиме ни малку ова е нашиот подарок за вас, кликнете за да се отвори!

@blokirame | @twitternagradi | @blokiramemk | Твитер Награди

Ваши Блокираме <3