Старата веб адреса со нова веб страна!

Добро дојдовте на нашата нова веб страна на #ТвитерНагради! Раскомотете се и чувствувајте се како дома. (читај: искликајте ги сите компчиња и линкови и кажете ни дали работат). Сите информации поврзани со #ТвитерНагради ќе бидат објавувани на оваа веб страна (читај: мора редовно да ја посетувате) и дополнително ќе бидат споделувани преку нашите официјални профили на социјалните медиуми. Можете (читај: морате) да нѐ следите на:
Twitter како @blokirame
Instagram како @twitternagradi
Facebook како @blokiramemk
YouTube како Твитер Награди

Сѐ најдобро и се гледаме на #ТвитерНагради!

Ваши Блокираме.

п.с. Веб девелопер е Веп Саит од Мумбаи.
п.п.с. За сите забелешки ќе му се обратите на него. Навистина срдечен човек, подготвен да реагира најбрзо колку што му дозволува слободното време.
п.п.п.с. Добро му оди македонскиот јазик, ама слабо му оди пишувањето на Ќирилица.