Добивме датум за #ТвитерНагради 2020

Почитувани претставници на Македонската Твитер заедница, но, пред сѐ, почитувани најдраги Блокери и уште подраги Блокерки,

со огромна чест и задоволство ве информираме дека утре, недела, 17.01.2021, навечер во точно 20:00 часот ќе се одвива најдобриот насатан #ТвитерНагради 2020 на следната локација: Твитер Награди!

Во овој термин Твитер Изборна Комисија – #ТИК ќе ги објави долгоочекуваните официјални резултати од гласањето за овогодинешните #ТвитерНагради, односно за време на настанот ќе бидат претставени преку избраните доделувачи.

Овој настан ќе се одвива во соработка со Фрагмент Комуникации и благодарение на нашиот долгогодишен Генерален покровител Телеком Македонија и нашиот долгогодишен Главен спонзор Ina @mnogufina, благодарение на нашите спонзори Пекабеско и Витаминка и благодарение на нашите поддржувачи DoubleTree by Hilton Skopje, Скопско, Пост Експрес Македонија и Rent a bike Skopje.

Би сакале повторно да потсетиме дека со цел да го поддржиме и мотивираме почитувањето на здравствените мерки за заштита од актуелната пандемија нашето овогодишно мото е „#СедиДома во #пижами и #гледај #ТвитерНагради“.

Воедно, би сакале да ве информираме дека се отворени номинациите за #ТвитерНагради 2021!

Да не должиме многу, нема да должиме ни малку се гледаме на Најдобриот настан за корисниците на социјални мрежи – #ТвитерНагради!

@blokirame | @twitternagradi | @blokiramemk | Твитер Награди

Ваши Блокираме <3