#ТвитерНагради

За и околу наградите…

Меѓутоа нема ништо од околу, ништо не смее да мрдне!

Активностите во процесот на организирање се одвиваат на крајот на тековната година со цел овозможување на корисниците на социјалните мрежи и интернет просторот да номинираат, а потоа да гласаат за да ги изберат своите фаворити од изминатата година. Како и секоја година, така и оваа корисниците САМИ ги номинираат своите фаворити. По завршување на активностите за номинирање, 10 номинирани кои ќе имаат најголем број на номинации во секоја категорија влегуваат како кандидати за избор на најдобрите во изминатата година. Исто како при номинирањето, така и при гласањето корисниците САМИ одлучуваат што е најдобро и никој никогаш нема да интервенира во нивниот избор и да одлучи поинаку! Нашето мото за организирање на овој процес останува исто, „Од заедницата, за заедницата“.

 

 

На кратко за настанот…

Нема ништо на кратко, сѐ е на долго и на широко!

Настанот традиционално се одржуваа секоја година со свечена церемонија за прогласување на најдобрите, кои се избрани во текот на гласањето со доделување на наградите. Самите корисници ги соопштуваат и ги прогласуваат победницито од гласањето и самите корисници им ги доделуваат признанијата. Како што веќе кажавме, нашето мото останува исто „Од заедницата, за заедницата“. Според тоа, овој настан веќе е меродавна манифестација која ја мери успешноста на корисниците на социјалните мрежи, особено успешноста на корисниците на Твитер.
Низ годините на манифестацијата Твитер Награди, а претходно Твитер и Блогираме Награди, победници биле сите позначајни чинители од сферата на дигиталните медиуми и на интернет просторот во Р. Македонија, а во последните години и во телевизискиот и радио простор. Со други зборови, ако сакате да видите што е квалитет кај нас и што е следното најдобро нешто кај нас, тогаш #ТвитерНагради е вистинското место!

 

Зошто сме НАЈДОБРИ?

Можеби дека сме единствени и нема подобри!

Манифестацијата е во организација на Блокираме.мк, и. п. к. „Професионални аматери“. Што значи не сме професионалци, ама не сме ни аматери. Секогаш вложуваме огромна енергија за сѐ да случува во најдобар ред. Доколку има грешки тие се намерни и се случуваат сосема случајно. Сите активности и случувања поврзани со настанот редовно се покриени од сите електронски и повеќето традиционални медиуми.
Сите информации поврзани со #ТвитерНагради ќе бидат објавувани на оваа веб страна и дополнително преку нашите официјални профили на социјалните медиуми. Можете да нѐ следите на:
Twitter како @blokirame
Instagram како @twitternagradi
Facebook како @blokiramemk
YouTube како Твитер Награди

Сѐ најдобро и се гледаме на #ТвитерНагради!

Ваши Блокираме.